Мароко – терористичка закана
7 јули 2007Реклама
На Мароко му се заканаува непосредна опасност од терористички напади, оценуваат властите во Рабат. По средбата на водечки припадници на службите за безбедност во земјата прогласен е највисок степен на опасност. Постојат индиции за многу сериозна закана поради што е неопходна потполна мобилизација на силите за безбедност. Францускиот претседател Никола Саркози поради таквата состојба ја откажа посетата закажана за наредната недела.