Мароко избори
9 септември 2007Реклама
Националистичката конзервативна партија Истиклал, која беше дел од досегашната владеачка коалиција, освои најмногу пратенички места на изборите во Мароко. Умерените исламисти од “Партијата за праведност и развој”, кои беа сметани за фаворити, се на второ место според бројот на мандатите. Најголем губитник на изборите се социјалистите – од досега најсилна партија, паднаа на петто место.
На изборите учествуваа само 37 насто од гласачите. Кралот Мохамед шести сега треба да го номинира идниот премиер и притоа тој не е врзан за исходот на изборите.