1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Маркелов е погребан, Кремљ молчи

Штефан Лак23 јануари 2009

Денеска (23.01.2009) во Москва е погребан адвокатот Станислав Маркелов. Toj беше убиен среде една од најпрометните улици во Москва. Во нападот загина и новинарката Анастасија Бабурова. ЕУ побара расчистување на случајот.

https://p.dw.com/p/Gf0F
Маркелов беше убиен само неколку часа по прес-конфернцијата на која го критикуваше ослободувањето на еден офицерФотографија: AP

На плоштадот „Пушкин“, во непосредна близина на познатата улица „Тверскаја“ се собраа само околу дваесетина демонстранти за да искажат незадоволство од убиството на адвокатот за човекови права Маркелов и новинарката Бабурова. Скоро незабележливи меѓу забрзаните минувачи, упорно стојат на снегот. Двојното убиство во центарот на Москва кај нив предизвикува чувство на немоќ.

Чувствувам само болка, тага и лутина, вели еден од демонстрантите. „Друго човек и не може да почувствува. Поинаку не можам да се изразам, едноставно имам чувство дека сум жртва во сопствената држава“.

Една млада адвокатка, која соработувала со Маркелов и Бабурова, додава: „Убиени се луѓе кои не им одговараа на државата. Едноставно се отстранети“.

Незадоволство и кај московските адвокати

Russland Moskau Menschenrechts-Anwalt Stanislaw Markelow erschossen
Убиството се случи среде бел ден, на прометна улицаФотографија: RIA Novosti

Критика не упатува само оваа група луѓе. Незадоволство постои и кај московските адвокати. За Михаил Баршевскиј, кој до минатата година беше владен претставник во Врховниот суд, е неразбирливо тоа што Кремљ се` уште нема официјален став за случајот, а ниту ќе го стори тоа: „Полицијата почна да работи на случајот, напаѓачот сигурно ќе биде пронајден, но недостасува јавна осуда“, вели Баршевскиј, кој додаде дека не може да разбере како може Франција да го осуди убиството на Маркелов, но Кремљ и понатаму да молчи.

Претседателот Медведев на почетокот од својот мандат се заложи за повеќе правна држава и владеење на правото. Затоа адвокатот Баршевскиј го смета двојното убиство како провокација на сметка на Медведев. Медведев треба да искаже солидарност, и тој самиот е правник, смета Баршевскиј.

Медиумите од западот сакаат да го исполитизираат случајот

Roter Platzin Moskau mit Basilikum Kathedrale und Kreml
Кремаљ молчиФотографија: AP

Сепак, од Кремљ не се слушна ниту официјална изјава, ниту, пак, осуда за убиството на Маркелов. Наместо тоа, руското Министерство за надворешни работи ги обвини медиумите од западот дека вештачки сакаат да исполитизираат убиството и на тој начин да ја обвинат Русија дека врши репресија врз слободата на печатот во земјата.

Станислав Маркелов денеска (23.01.2009) е погребан во Москва. Во поворката имаше околу 300 лица, меѓу кои голем број претставници на анти-терористичкото здружение „Омон“. Анастасија Бабурова, новинарката која исто така загина во нападот врз Маркелов, деновиве ќе биде погребана во Крим.