1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Марихуана само за Холанѓаните

Андреас Ројтер / Ивана Петрушевска1 декември 2012

Пропусници за влез во кофи-шоповите во Холандија се воведени пред неколку месеци. Сега Холандија има нова влада и таа сака да ги укине пропусниците, но само за Холанѓаните.

https://p.dw.com/p/16gY7
Фотографија: dapd

Претходната влада направи неколку грешки во чекори. Марихуаната и хашишот се дозволени на муштериите во кофи-шоповите, само доколку поседуваат соодветна пропусница. Таа дозвола се издава единствено на граѓаните на Холандија. За големиот број туристи, односно странци, овие места остануваат затворени.

„Мислам дека е глупост, ние Германците да дојдеме во Холандија, а не можеме да пушиме марихуана”, вели еден турист, а друг доава: „Ако ме прашувате мене, тоа е дискриминација. Тие можат, а ние не. Или можат сите или никој.”

Судбината на кофи-шоповите и понатаму неизвесна

Идејата на претходната влада не им се допаѓа ниту на Холанѓаните, посебно во пограничниот дел на оваа членка на Европската унија, каде поднесувањето барање за издавање на таканаречена хаш-пропусница, во која се внесуваат лични податоци, стана неизбежно. Од одлуката на претходната влада не се погодени само корисниците, туку и сопствениците на кофи-шоповите. Затоа кампањата за нивен спас во време на изборите беше последна шанса. И изгледа дека се исплатеше. Новата владејачка коалиција во својата програма наведува дека ќе ги укине хаш-пропусниците. Додуша, од таквата одлука профитираат само Холанѓаните. „Зошто само ние да можеме да ги користиме услугите? Нема логика. Зошто да не може еден Германец да пуши џоинт во кофи-шоп?”, се прашува една Холанѓанка.

Coffeeshop Marihuana-Café in Amsterdam
Кофи-шоп во АмстердамФотографија: AP

И покрај досегашните негодувања, новата владејачка коалиција постигна таков компромис. Социјалдемократите постојано повторуваат „повеќе слобода за Холанѓаните“, а десничарските сили, на чело со Марк Рут, сакаат да ја прекинат традицијата на нарко-туризам.

Чиста дискриминација ?

Марк Јоземанс, портпарол на здружението на сопственици на кофи-шопови во Мастрихт, вели дека се работи за предизборни лаги. Тој тврди дека социјалдемократите во изборната кампања ветувале многу поголема либерализација. „Во првиот член од нашиот Устав јасно стои дека дискриминација не смее да има. Без оглед на бојата на кожата и очите, без оглед дали доаѓаш од Германија или од друга земја, никој не смее да ти забрани да влезеш во кофи-шоп.” Единствена утеха во овој момент е можноста за влез во некои кофи-шопови во Амстердам, Хаг и на границата. Додека не го променат законот, останува по старо, а тоа значи уште неколку месеци.