1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Марио Варгас Љоса добитник на Нобеловата награда за литература

7 октомври 2010

Нобеловата награда за литература годинава оди во рацете на перуанскиот писател Марио Варгас Љоса. Тој има 74 години и работи како професор на Универзитетот Принстон во САД.

https://p.dw.com/p/PY1i
Лауреатот Марио Варгас ЉосаФотографија: AP

Шведската Кралска Академија на науките во образложението за доделувањето на Нобеловата награда соопшти дека Марио Варгас Љоса е избран за добитник поради „картографијата на структурите на моќ, што во неговите романи ја исцртува со јасни слики на отпор, револт и пораз на индивидуумот“. Варгас Љоса има напишано повеќе од 30 романи, театарски дела и есеи, меѓу кои во сеќавањето посебно останаа „Славјето на јарецот“, „Рајот е на некое друго место“, „Разговори во катедралата“ и „Зелената куќа“. Во 1995 година тој ја доби и наградата Сервантес, како најдобар писател во шпанското говорно подрачје. Марио Варгас Љоса е прв писател од Латинска Америка кој го добива највисокото книжевно признание на денешнината, по Мексиканецот Октавио Паз во 1990 година.

Jubiläumsnobelpreise in Stockholm überreicht - Übersicht Mehr als 150 Nobelpreisträger früherer Jahre nehmen am 10.12.2001 in Stockholm an der Verleihung der Jubiläumsnobelpreise teil
Салата за доделување на Нобеловите награди во СтокхолмФотографија: dpa

Лично на доделувањето

Кога ја доби информацијата дека е добитник на Нобеловата награда Варгас Љоса беше многу трогнат и одушевен, соопшти претседателот на жирито на Петер Енглунд. Варгас Љоса моментално е во Њујорк, каде предава на Универзитетот Принстон. „Тој веќе беше станал од пет часот изутрина за да се подготви за предавањето на факултет. Нашиот повик дојде во петнаесет до седум по локално време и тој веќе беше во полн творечки залет“, појасни претседателот на жирито Петер Енглунд. Според него, Марио Варгас Љоса најавил дека лично ќе се појави на свеченото доделување на Нобеловите награди во Стокхолм на 10 декември.

Автор: ГЧ/БГ/дпа/ап

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска