1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Марионета или фактор на моќ ?

Карстен Шмистер29 октомври 2008

Потпретседателот на САД согласно Уставот претседава со Сенатот, горниот дом на парламентот. Какви овластувања има американскиот потпретседател и каде се нивните граници?

https://p.dw.com/p/Fhff
Дик Чејни, можеби највлијателен потпретседател на САД во историјатаФотографија: AP

Големиот момент за потпретседателот на САД доаѓа во случај кога претседателот поради најразлични причини е спречен да ги извршува обврските. Тогаш потпретседателот го зазема неговото место. Така се случи на пример во 1945 година кога Хери Труман влета наместо починатиот Френклин Рузвелт или во 1963 година, кога Линдон Џонсон ги презема претседателски надлежности од Џон Кенеди кој беше убиен во атентат.

Потпретседател-политички дилетант

Цели четири години, од 1989 до 1993 година, Американците наголемо стравуваа за својот претседател. Да му се случеше тогаш нешто на Џорџ Буш Сениор, главното столче во Белата куќа ќе го наследеше еден човек, кој денес во сеќавањето е останат како личност за потсмев. Станува збор за потпретседателот Ден Квејл. Тој тогаш паѓаше во очи само преку неговите глупости. За време на еден говор во предизборната кампања тој на пример го изјави следново:

„Прашање е дали ние ќе одиме напред кон утре или ќе назадуваме назад.“

Со ваквите изјави Квејл го зацврсти својот имиџ на политички дилетант. На Џорџ Буш сениор за среќа не му се случи ништо и Квејл остана во рамките на потпретседателските обврски. Но мандатот на Квејлс претставуваше враќање во минатото , во времето кога „Број два“ беше важен само за изборната трка, за да им се обраќа на групите гласачи до кои кандидатот за претседател не може да допре. Квејл беше искористен како младешка противтежа за тогаш веќе подостарениот Џорџ Буш во успешната предизборна кампања, и потоа во наредните четири години можеше да се одмори. Тој веќе не беше потребен за ништо.

Концептот на активен потпретседател

Ситуацијата меѓутоа беше сосема поинаква со неговите претходници. Џорџ Буш сениор како потпретседател за време на владеењето на Роналд Реган и претходно Волтер Мондејл како „Број два“ на Џими Картер , го спроведоа во пракса концептот за „Активен потпретседател’ кој го разви самиот Џими Картер. Ескпертот за јавно право Џоел Голдштајн објаснува:

„ Картер имаше намера дотогаш практично заборавениот потпретседател да го вклучи во работата на администрацијата. Мондејл се гледаше себеси како советник и решавач на проблемите од најразлични области. Картер му ги даде неопходните овластувања и сето тоа беше успешно“.

Nobelpreisträger Al Gore spricht auf dem Klimagipfel in Bali
Ал Гор и‘ даде нова содржина на функцијатаФотографија: AP

Потоа дојде Ден Квејл, но веднаш по него Ал Гор. За време на владеењето на претседателот Бил Клинтон , Гор повторно и даде важност на функцијата потпретседател, за конечно по осум години , да му ја препушти на досега најсилниот вицепретседател на САД:

„Дик Чејни му помогна на Џорџ Буш уште за време на неговиот избор во 2000-та година. Со неговиот избор за потпретседателски кандидат беше испратена порака дека неискусниот Буш се опкружува себеси со искусни луѓе, кои знаат како функционираат светот и Вашингтон“.

„Дарт Вејдер“ во администрацијата на Џорџ Буш помладиот

Чејни долго време имаше огромно влијание врз одлуките на претседателот . Тој впрочем важи за иницијатор на војната во Ирак и патем како познавач на серијалот филмови Војна на ѕвездите:

„Некои луѓе гледаат , што правам и што мислам, дека јас сум ’Дарт Вејдер’ на оваа влада-со задоволство се шегуваше Чејни за неговиот имиџ на мрачна сила во Белата куќа. Експертот Голдштајн го извлекува следниов биланс:

„Чејни беше најбитниот и највлијателниот потпретседател кој сме го имале некогаш. За првпат во историјата се говореше за царски потпретседател. Но сметам дека потпретседателствувањето на Чејни нема да промени ништо на долг рок и оти такво нешто нема да се повтори“.

Накусо: без оглед кој ќе ја преземе потпретседателската функција наредниот јануари, повторно ќе биде „Број 2 “ а не “Еден Бе“. Што значи, со битна но не и одлучувачка улога кога станува збор за политиката на Белата Куќа:

„ Сите потпретседатели имаат место на заедничката маса. Тие имаат сопствена канцеларија во Западното крило, и редовен неделен приватен разговор со претседателот. Тоа во меѓувреме е администрациска рутина и повеќе нема да се менува. Обемот на влијание зависи од две работи: Колку претседателот е подготвен да го слуша својот заменик и колку е добар советот што овој заменик може да го даде?“ - истакнува експертот Џоел Голдштајн.