1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мариенфелд дом на милион аџии

22 август 2005

Еден милион аџии присуствуваа на завршната миса на Светскиот ден на младите која ја оддржа папата Бенедикт 16 на Мариенфелд крај Келн. Тоа воедно беше и најголемата богослужба која досега се оддржала во историјата на Германија.

https://p.dw.com/p/AcD7
Бран на воодушевување на Мариенфелд крај Келн
Бран на воодушевување на Мариенфелд крај КелнФотографија: AP

Улогата на вербата е орјентација за луѓето, потенцираше папата на неделната миса под отворено небо и притоа го истакна ангажманот на младите за еден праведен свет. „Знам, дека како млади луѓе сакате нешто големо, знам дека сакате да се ангажирате за подобар свет.“ им порача на младите поглаварот на римо католичката црква.

Папата покажа дека ги разбира младите, но тој покажа дека знае и да се дружи со младите од целиот свет и ги повика вербата да биде правецот, патот по кој ќе одат. Младите на свој начин се оддолжија

Изминативе денови во Келн, Бон и Диселдорф постојано се слушаа овие извици на младите, тие се разбура не изостанаа и за време на мисата на папата.

Кога папата пристигна на Мариенфелд, покрај големиот број млади аџии кои од се срце ги поздрави, се наоѓаше и големо ѕвоно кое тој го освети во име на неговиот претходник Јован Павле Втори

На централниот настан пак неделната миса папата нагласи дека во нашево време недостасува религиозност „ Денеска во голем дел од светот има невообичаено заборавање на Господ“ им се обрати Бендект 16 на младите. Ова е и причината поради која толку голем број на луѓе страдаат бидејќи се незадоволни. Хрситијанството значи победа на љубовта над омразата, порача Бенедето.

Аџиите, на Мариенфелд два дена покажаа слика на меѓународна религиозна заедница од целиот свет, за која досега немало пример во Германија.

„Речиси шест часа бевме на пат. Изодевме десет километри “

„Фантастично беше. Супер беше, толку многу луѓе од толку многу земји, толку многу знамиња, толку многу бои, воодушевувачки е што сите се тука.“

Повеќе од еден милион млади од сите континетни се поклонија и се помилија, за возврат секој континент доби по еден дрвен дел од логото на Светскиот ден на младите изработено од пет дела, ѕвезда, крст, келската катедрала, симболот на водата и на христијанството. Покрај аџиите кој имаа можност мисата да ја следат и да ја доживеат непосредно, големиот настан го проследија и околу 250 илјади телевизиски гледачи.

Вчера вечер Бенедикт 16 се врати во Рим. На заминување поглаварот на римокатоличката црква на секретарот на Светскиот ден на младите Хајнер Кох едноставно му рече „Го сакам Келн“ . Келнскиот надбискуп кардиналот Јоахим Мајснер посетата на папата на градот Келн кој уште е наречен Рим на север ја нарече „незаслужен подарок“ , додека раководителот на бискупската конференција кардиналот Леман оцени дека изминативе денови беа големи и незаборавни. Позитивен биланс од мега манифестацијата извлекоа и организаторите. Светскиот ден на младите мина мирно, без поголеми инциденти. Дека гостите во ниту еден случај не беа изложени на опасности ќе забележи и полицијата, и покрај тоа што кога заврши мисата некои од нив долго мораа да чекаат на својот автобус.