1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Маратонците во Хамбург и Лондон во чест на жртвите од Бостон

Александар Методијев/афп/бета/дв21 април 2013

Елиуд Кипчоге од Кенија победи на маратонoт во Хамбург. На Лондонскиот маратон, пак, во машка конкуренција победи Цегаје Кебеде од Етиопија, а во женска Кенијката Приска Џзепту. Беше оддадена почит на жртвите во Бостон.

https://p.dw.com/p/18KE3
Teilnehmer laufen am 21.04.2013 in Hamburg beim Marathon die Reeperbahn entlang. Rund 21 000 Läufer nahmen bei optimalen Temperaturen und Sonnenschein an der 28. Auflage des Hamburg-Marathons teil. Foto: Christian Charisius/dpa
Hamburg Marathon 2013Фотографија: picture-alliance/dpa

Победникот на Хамбуршкиот маратон оддаде почит на жртвите во експлозиите на Бостонскиот маратон. Пред трката беше одржана една минута молк за жртвите од Бостон. Пред трката 15.000 мратонци се загреваа на песната „Свит Каролајн“ препознатлива по Бостонскиот маратон, а многумина трчаа со жолти и зелени алки на кои пишуваше „Трчање за Бостон“.

Пред трката во северниот германски град Хамбург постоеше загриженост за безбедноста, бидејќи беше пронајден сомнителен пакет во метро страница во центарот на градот. Полицијата ја затвори метро линијата У3, но подоцна се покажа дека сомнителниот предмет е празна кутија. Организаторите информираа дека осум натпреварувачи го откажале учеството на Хамбуршкиот маратон поради настаните во Бостон.

Hamburg Marathon 2013
Сомнителниот пакет во Хамбург се покажа дека е празна кутијаФотографија: picture-alliance/dpa

Покрај 28-годишниот Елиуд Кипчоге, победникот во машка конкуренција кој постигна свој нов рекорд од 2 часа 5 минути и 30 секунди, со златен медал се закити и Литванката Дијана Лобачевске, која рутата ја истрча за 2 часа 29 минути и 17 секунди.

Црни панделки во Лондон

Етиопскиот атлетичар Цегаје Кебеде вторпат во кариерата победи на Лондонскиот маратон, по триумфот во 2010 година. Тој успеа во завршницата од трката да го престигне Кениецот Емануел Мутаиј и прв да мине на целта пред Бекингамската палата. Тој трката ја заврши за 2 часа 6 минути и 15 секунди. Во женска конкуренција победи Кенијката Приска Џзепту со резултат од 2 часа 20 минути и 15 секунди.

Најголем дел од натпреварувачите носеа црни ленти во знак на почит кон загинатите во понеделничкиот бомбашки напад во Бостон. Пред почетокот на трката беа одржани и 30 секунди молк за жртвите.

Lond Marathon 2013
Триесет секунди молк и црни панделки за почит за жртвите во БостонФотографија: Getty Images

„Ќе се приклучиме кон молкот во сеќавање на нашите пријатели и колеги за кои денот на радост се претвори во ден на тага“, им беше соопштено на 35.000 маратонци преку разглас.

„Сакаме да ја покажеме нашата поддршка за пријателите и колегите во Бостон во ова тешко време за глобалната тркачка заедница“, рече пред трката директорот на Лондонскиот маратон Хју Брашер.

Трката ја следеа десетици илјади посетители. За нивната безбедност се грижеа за 40 проценти зголемен број на полицајци и кучиња-трагачи. Лондонската полиција одлучи да се држи до планот за зголемена безбедност и покрај тоа што едниот од осомничените за бомбашките напади во Бостон беше убиен, а другиот приведен. Пред трката организаторите објавија дека за секој маратонец кој ќе пристигне на целната линија ќе бидат уплатени по две фунти во фондот за жртвите во Бостон.