Мандатот на ИСАФ продолжен за една година
20 септември 2007Реклама
Советот за Безбедност на ОН го продолжи за една година мандатот на меѓународните трупи ИСАФ во Авганистан. Резолуцијата ја поддржаа, 14 од 15-те членки на највисокиот гремиум. Русија беше воздржана. И во германскиот Бундестаг денеска имаше советување по вчерашната одлука на владата за едногодишно продолжување на мандатот на германските војници во ИСАФ и специјалните авиони од типот торнадо во Авганистан. Министрите за надворешни и одбрана, Франк Валтер Штајнмаер и Франц Јозеф Јунг побараа поддршка од парламентот. Опозицијата е поделена по однос на прашањето за продолжување на мандатите. Гласањето за одлуката во Бундестагот е планирано за 12 октомври.