1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Манастирот Зрзе - комплекс со големо културно значење

Златка Пурковиќ 23 април 2008

Македонското министерство за култура оддели дел од средствата потребни за археолошките истражувања во комплексот околу монашките ќелии во манастирот Зрзе во близина на Прилеп.

https://p.dw.com/p/Dn71
Во близина на Прилеп се наоѓа манастирски комплекс со големо историско значењеФотографија: Picture-Alliance/Agentur

Комплексот, што има големо историско и културно значење, зошто важи за седиште на епископот хераклејски Климент и на монашкотот братство, е на 25 километри од Прилеп.

Прилепските археолози ги отворија монашките ќелии во манастирот Зрзе. Единаесет целини со околу 30 објекти на испоснички ќелии и јами потврдуваат дека монаштвото во овој манастир било органзиирано паралелно со Свети Климентовото и Наумовото, што значи дека е еден век постаро од Свето Горското. Манастирот Зрзе е изграден во 14 век, го продолжува монашкиот живот и е седиште на владиката Климент.