1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Малку квалитетни детски книги

31 март 2006

Прометот во секторот за детска и младинска литература расте,но опаѓа квалитетот,се жалаат германските издавачи

https://p.dw.com/p/AeTP

На 2 април 1805 година е роден писателот на бајки Ханс Кристијан Андерсен. Синот на еден чевлар стана светски познат со бајките како Девојчето со кибритчињата или Кралевата нова облека.Затоа УНЕСКО го прогласи денот на раѓањето на данскиот автор за светски ден на книгата за деца и млади.Тој ќе биде одбележан со литературни читања,изложби на книги и други манифестации.Но,на овој ден се слушаат и критички тонови.Така,дека расте прометот во секторот на книгите за млади,но опаѓа литературниот квалитет.Што читаат или што треба да читаат денес младите,околу тоа експертите спорат.

Има многу книги,но нема многу добри книги.Ова се чини особенно важи за пазарот на детска литература.Така, жирито на критичари од Работниот круг за детска и младинска литература годинава за 50-та јубилејна награда номинираше помалку книги отколку што е тоа можно со статутот.Во образложението се вели:квалитетот на новите изданија кои беа на избор беше проблем.А пртитоа имаше околу 5 илјади нови изданија:

-Видлив е тренд дека читателите во трговијата наоѓаат повеќе серии,редици маса книги,но не и такви кои се вредни.Едно е сигурно,добрите книги ја продолжуваат желбата за читање,лошите напротив,предизвикуваат загуба на уште еден читател,вели Екард Милер,шеф на Маркетингот на издаваштвото Белц и Гелберг,куќа која инсистира на квалитет,на добри автори и придобивање читатели.Наслови кои преживуваат само една сезона во нивниот избор може да се најдат исто толку малку како и кај Блумсбари или во Издаваштвото Хансер.Зашто,тие се спротиставуваат на издавачката филозофија на краткорочни прифитерски ориентирани трендови и на пазарот нудат висококвалитетни книги,кои поттикнуваат на размислување.Тие се обидуваат,вели Елизабет Руге,шефицата на Блумсбари,да применат слични критериуми како и кај програмите за возрасните:

-Јас всушност не сум за тоа децата да треба да читаат секогаш работи кои им се пренесуваат на едоставен начин.Мислам дека децата имаат поголеми побарувања отколку што се мисли.Сметам дека треба да се прифати ризикот и да им се понуди нешто покомплицирано,што ќе им биде предизвик.По правило,тоа добро поминува.

Елизабет Руге издава книги во традицијата на класичната англиска детска литература.Тука спаѓаат наслови кои се зафаќаат со историјата.Зашто,таа забележала дека кај младите луѓе повторно расне интересот за светската историја.Книгата Прашки дневник,која ја издаде нејзината куќа,а кој го напишал пред депортацијата 14 годишниот Петер Гинц ,би му легнала на срце на секое дете.Не се работи само за итроста,храброста и промисленоста на авторот,туку таа е и книга полна светлина и оптимизам.

Од бумот што го направи детската научнофантастична литература поради успехот на Хари Потер,Елизабет Руге не сакаше да профитира.За овој жанр кај нас во куќата никој не се интересира,вели таа.Темата не е сосема исклучена,вели напротив Јулија Шулте од издавачката куќа Карл Хансер,задолжена за односи со новинарите :

-И ние имаме една научнофантастична книга,која беше дури номинирана од страна на жирито за младинска литература,Септимус Хер Меџик од Анџи Сејџ.Таа е убава приказна и има посебни елементи,ги развива личностите.

Фантазијата,дополнува Улрике Метцгер,програмски уредник во Одделот за детска и и младинска литература во издавачката куќа Равенсбург,одамна не е синоним за бегство од светот и реалноста.Се повеќе дела од оваа област со тема се вкотвуваат во историјата или во сегашноста.Ние се обидуваме да ги споиме чистата разонода и вредната литература.Затоа овде покрај Рамената на писма од Фриц Хартнагел и Софи Шол постојат и розови светкави книги,оние што ги нарекуваат за девојчиња,кои ги погодуваат пубертетските чувства , копнежот по нежност и слично.

Тоа е литература за едно лето.