1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мали - безнадежно поделена земја

А. Алмелих/ К. Книп/ Ш. Хепнер/ С. Недевски17 јануари 2013

Владата во Мали нема контрола над дури две третини од територијата на земјата. Франција од петокот учествува во офанзивата против исламистичките бунтовници - но и покрај тоа, Мали ќе остане длабоко поделена земја.

https://p.dw.com/p/17L52
Фотографија: Katrin Gänsler

Појасот Сахел го дели африканскиот континент од Сенегал на запад, до Рогот на Африка на исток. Сахел е всушност граница на Сахара и поплодните области на Судан на југ. Освен што важи за најсиромашен регион на светот, Сахел е познат и како регион на беззаконие во кој државни закони не постојат или постоечките не се почитуваат.

Воениот пуч како иницијална каписла

Појасот Сахел го дели и Мали, всушност неговиот север кој со јужниот дел е поврзан со тенкиот појас на територија. Оваа држава долго беше пример во Африка: устав, повеќепартиски систем и народно собрание- сите овие институции Мали ги поседува со децении, но сега се ставени под огромен знак на прашање. „Пучот против претседателот беше иницијална каписла“, кажува Петер Хајне, професор по исламски науки од берлинскиот универзитет „Хумболт“. Претседателот Амаду Тумани Туре беше соборен од власт во март минатата година.
Војската, која ја превзеде власта, тврдеше дека Туре е неспособен да ја води земјата и да им се спротистави на Туарезите кои креваа бунтови на северот на државата. Во моментот на промена на власта, Мали се наоѓаше пред избори- мандатот на Туре и онака ќе завршеше за неколку недели. Во вакуумот на власт кој се беше создал, се случи всушност сосема спротивното од она што го сакаше војската: Туарезите од северот на земјата се здружија со терористичката мрежа Ал Каеда на исламски Магреб. Набргу исламистите ја презедоа диригентската палка и сега Туарезите и нивните интереси повеќе никој не ги спомнува.

Mali Tuareg Nomaden
Припадник на номадското племе ТуарезиФотографија: AP

Војната во Либија донесе вооружување

Ал Каеда на Магреб и сличните групи како Ансар Дине доминираат во регионот бидејќи државните влади и армиите се премногу слаби. Исто така, исламистите ја контролираат трговијата со наркотици, а многу пари добиваат и од откупите за луѓето кои ги киднапирале. „Одделни влади исплаќаат огромни суми за да ослободат нивни граѓани“, вели Питер Пем, стручњак за Африка во американската организација „Атлантик Кансл“. Тој тврди дека и соборувањето од власт на Моамер Ел Гадафи во Либија допринесол за јакнење на терористите. Имено платениците од појасот Сахел, кои Гадафи со години ги финансирал да бидат во Либија, сега се вратиле во своите држави добро вооружани и со богато воено искуство. „Од почетокот на војната во Либија, терористите во Мали добија големо вооружување, а има и многу борци кои бараат нова работа“, објаснува Пем.
Професорот Петер Хајне верува дека терористичките групи кои сега го контролираат северот на Мали, во меѓувреме го прошириле влијанието и врз соседните земји. „Можеби ќе добиеме целосно беззаконие во тој дел на Африка. Треба да се очекува зголемено киднапирање на луѓе и производство на дрога.“ Протераниот председател на Мали, Амаду Туре за францускиот весник „Ле Монд“ рече дека на северот на Мали нема ништо- улици, болници, училишта, а секојдевието е сведено на преживување. „Младите луѓе од северот немаат шанси да создадат семејства и да водат нормален живот. Излезот го пронаоѓаат во кражби на автомобили или криумчарење на дрога“, наведе Туре. Во таквата ситуација, на исламистите не им е тешко на најдат „работна сила“ за своите цели.

Ansar Dine Kämpfer in Mali
Борци на исламистичката група Ансар ДинеФотографија: Romaric Ollo Hien/AFP/GettyImages

Која е целта на интервенцијата на ОН?

Длабоко вкоренетите проблеми во Мали тешко ќе ги реши и интервенцијата на сините шлемови која ја одобри Советот на безбедност на ОН на крајот на минатата година. „Дали е целта Ал Каеда од Магреб да се истера од северот на Мали? Ако е тоа целта, каде да се протераат?“, се прашува германскиот социјалдемократ Ханс-Урлих Клозе од Одборот за надворешна политика во Бундестагот. Клозе смета дека, пред евентуалната интервенција, мора јасно да се одреди целта. Авганистан е предупредување за секоја следна мисија против терористите, а тамошното искуство покажа дека борбата против герилата е невозможна на голем простор кој нуди многу прибежишта.
Од друга страна, без интервенција сигурно нема да биде подобро. „Граѓаните на Мали посакуваат европска помош бидејќи не гледаат можност дека нивната армија може да стори нешто“, вели Шарлот Хејл од институтот ГИГА. „Војската во Мали во моментов е преокупирана со себе и интерните конфликти. Исто така, без европска помош, таа армија ќе остане полуаматерска“, додава таа. Всушност, армијата на Мали брои само 7.350 активни војници што ни од близу не е доволно за борба против добро организираните исламисти.

Photo taken on August 7, 2012 shows fighters of the Islamic group Ansar Dine standing guard at the Kidal Airport in northern Mali. Mali's government said on August 9 that military intervention in the Islamist-held north was 'inevitable' as the jihadists defied mediation efforts. AFP PHOTO / ROMARIC OLLO HIEN (Photo credit should read Romaric Hien/AFP/GettyImages)
Борци на исламистичката група Ансар ДинеФотографија: Romaric Hien/AFP/GettyImages