Бугарски државјанства
5 јануари 2012Реклама
Рекордни 20.000 бугарски државјанства се издадени во 2011 година на странци, јави бугарската државна телевизија. Најголемата група доаѓа од Македонија. Вкупно 6.500 Македонци минатата година обезбедиле бугарско државјанство, што е неколкукратно зголемување споредено со 1.500 издадени државјанства во 2010 година. Најголемиот дел од 'новите Бугари' веднаш заминале во западна Европа“, јави телевизијата.
Зголемување на барањата се регистрираат и од лица од Молдова, Украина, Србија и Албанија. Во 2010, според официјалната статистика, беа доделени вкупно 14.828 бугарски државјанства.
Автор: БГ/ макфакс
Редактор: Александра Трајковска