1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонците од ноќеска во Србија само со лична карта

14 јануари 2012

Македонските државјани од ноќеска на полноќ можат во Србија да влезат само со лична карта, најави синоќа во Белград министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

https://p.dw.com/p/13jd8
За влез во Србија не е потребен пасошФотографија: DW / Anila Shuka

При посетата на полициската бригада во Белград, Дачиќ најави дека со македонскиот министер за внатрешни работи Гордана Јанкуловска се усогласиле претходно потпишаниот договор да стапи на сила пред вообичаената размена на дипломатски ноти.

Дачиќ објасни дека ова првенствено се прави со цел непречено патување на македонските навивачи на Европското првенство во ракомет, во чии рамки Македонија настапува во Ниш. Реципроцитетно, влез со лична карта ќе им е овозможен и на српските граѓани во Македонија.

Дачиќ посочи дека слични иницијативи предложил и до Хрватска и Албанија.

Автор: ЖА/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска