1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонски поет со турски ген

19 декември 2010

Илхами Емин е новинар, публицист, преведувач но пред се’ поет. Иако повеќе од пет децении тој е активен учесник од македонскиот поетски живот деновиве за првпат во земјата треба му биде отпечатени творби на турски јазик.

https://p.dw.com/p/Qd0N
Деновиве во Скопје (фото) треба да биде промовирана првата книга поезија на турски јазик на Илхами ЕминФотографија: DW

„Мислам на турски, пишувам на македонски. И двата јазика се мои матични изрази на културолошкиот код од овој разнолик Балкан.

Вака говори писателот Емин Илхами, турчин по потекло кој сиот свој поетски сензибилитет најпрвин го искажувал на македонски. На една промоција на неговото творештво во Скопје, писателот Георги Сталев за него има речено„Илхами Емин е македонски поет со турски ген„

За прв пат годинава ќе му биде отпечатен творечки опус на турски јазик иако над пет децении е активен член на писателската асоцијација од времето на врвните автори на македонската книжевност Славко Јаневски, Ацо Шопов, критичарот Димитар Митрев.

Емин, со своите осумдесет години е подвижна слика на македонските распаќа. Писменоста ја започнал на српски, па потоа окупаторот го принудил да продолжи на бугарски, да оди во црква и да пее во радовишкиот православен хор, но не успеале да го прекрстат, зашто татко му бил оџа.

„ Потоа, по ослободувањето, за прв пат се воведе настава по турски, но јас веќе бев петто одделение“, раскажува поетот.

Rote Rose
Цветот на трендафилот- вечна инспирација за Илхами ЕминФотографија: Bilderbox

Завршил Педагошка академија, бил наставник по македонски јазик, но и натаму немал среќа - немало катедра по турски јазик.

Јазикот е скриена сила на секој човек

Емин Илхами бил новинар, публицист, директор на Театарот на народностите, но пред се’ поет, преокупиран, како што вели, со трендафиловиот врв, цвет што османлиите го донеле на македонските просотори.

„Што е гултепе?“, го запрашавме.
„Гултепе е трендафилово стебло, цвет, врв на гранката, одговара Емин, набројувајки ги дел од своите дела: „ ’Гилдин’, ’Гулпат’, ’Подвижен зид’, а првите поеми ми се ’Животото плаче’ и ’Деноноќија’ испеани на македонски“.

„Кога бев во Истанбул за прв пат се соочив со литературниот турски јазик. Дозволив најпрвин тој да ме детектира, да ме идентификува . На една случајна средба со нашиот иселеник од радовишко Шефкет Радо, тогаш веќе афирмиран издавач, сепка ме препорача кај Јашар Наби, скопјанец кој во Турција важеше за литературен мецена и магнат на тамошното писателско издаваштво. Веднаш ми побара да ги преведам од македонски своите песни и за прв пат на турски се печатени во’Гулкалач’, ’Ружина сабја’, како и многу други во литературните списанија, Потоа добив и награда за најдобар поет во Турција, а моите македонски колеги и пријатели Турци, не веруваа дека се тоа мои дела испеани на турски. Тоа е уште еден доказ дека јазикот е скриената сила на секој човек, иако за прв пат во турскиот театар и не ја разбрав претставата“, вели Емин.

Arabati Baba Tekke (Derwischhaus) nähe Tetovo, Mazedonien
Илхами Емин се залага за подобра заштита на османлиското историско наследство во МакедонијаФотографија: DW

Османлиското културно наследство да се сочува во изворна форма

Тој ги предупредува властите во Скопје дека се обременети со антиалбанство, не го сфаќаат и значењето на турската култруа и традиција која пет векови сепак го одржувал македонскиот идентитет и вера. Во заштитата на културното и историско наследство од османлиството не се грижат Турци и компетентни познавачи на отоманството и затоа се прават катастрофални грешки во заштитата на неговата оставина.

„ Нема европска, уште помалку балканска цивилизација без исламот и вреднувањето на османлиството, но не како црно-бела варијанта на ропство, туку како историја и традиција на една европска имеприја, од Анталија до Виена и Пешта. Во Македонија сепак се најбројните паметници и културни белези на тој период и треба да се сочуваат во нивната изворна форма“, зборува со страст Илхами.

Тој е Јурук, од радовишко, едно од малубројните села и групи со специфични навики на живот, затворена група на сточари со инстинкт на самоодржување.

„ И Осман, основачот на Отоманство бил Јурук“, вели Емин, наведувајки не на податокот дека тоа се турски групи кои бегале пред наездата на Монголите. И таткото на основачот на современа Турција Ататурк бил јурук од селото Конџа во Македонија, дебарско.

Емин Илхами, поет на генерацијата писателски космополити од Македонија, за ДВ прикажуваше повеќе од еден час со свежината на своите пораки и мисли. Го очекува денот кога во Скопје, можеби и неделава, ќе биде промовирана неговата прва книга на турски јазик.

Автор: Александар Чомовски

Редактор:Симе Недевски