Македонски боксер со тренерот на Тајсон во победи
27 мај 2012Ова е прв меч на Хани по двегодишна пауза, откако во 2010-та година во Германија го совлада Болт Боди. Во својата досегашна професионална боксерска кариера Хани има боксувано на шест мечеви, од кои три со последниот, ги има добиено со нокаут.
30 - годишниот Фалко Бесер од Германија, пак, има боксувано единаесет мечеви, од кои пет победи и тоа две со нокаут, и пет нерешни мечеви, а до вчерашниот меч немаше ниту еден пораз.
Стружанецот Хани веќе две години тренира во боксеркиот камп во Америка каде има тренирано и легендарниот Мајк Тајсон. Тренер на Хани во моментов е тренерот на Тајсон, Кевин Руни. Тој е единствениот боксер од поранешните југословенски простори кој сега е дел од боксерскиот камп на легендарниот Кус Дамато, односно дел од кампот каде тренираше поранешниот светски првак во бокс Мајк Тајсон.
Хани е задоволен не само од условите туку и постигнатото во кампот од каде очекува неговата професионална боксерска кариера да се движи во нагорна линија со забрзано темпо.