1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонските параолимпијци по златото очекуваат и други медали

АМ/миа1 септември 2012

Македонскиот тим на Параолимписките игри во Лондон со зголемени амбиции за освојување на други медали, по вчерашниот златен медал на Оливера Наковска Бикова во стрелање со воздушен пиштол од 10 метри.

https://p.dw.com/p/161tr
Фотографија: dapd

„Освојувањето на златниот медал на Оливера Наковска-Бикова на Параолимписките игри претставува голем успех за македонското стрелаштво и затоа сите сме многу горди“, изјави тренерот Бранимир Јовановски, кој најави дека, по прославувањето на успехот, од денеска почнуваат подготовките за другите две дисциплини во кои ќе настапат македонските параолимпијци Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов.

„По златото на Оливера очекуваме уште добри резултати на стрелачкиот турнир на овие Игри, вклучувајќи го и освојувањето на уште некоја од медалите“, рече Јовановски, изразувајќи задоволство од добрата форма на Наковска-Бикова.

Таа во вчерашните квалификации постигна светски и параолимписки рекорд со 381 кругови, додека во финалето уште еднаш уверливо ги совлада сите свои противнички, а посебно главните конкурентки, Русинката Марина Климаченко и Иранката Сарех Јаванмардидомани.

Малубројната македонска параолимписка репрезентација присуствуваше на доделувањето на златниот медал на кое во чест на Наковска Бикова беше подигнато македонското знаме и интонирана македонската химна.

Ова е прв златен медал за Македонија на параолимпијадите по Игрите во Барцелона во 1992. година, кога злато освои сегашниот тренер Бранимир Јовановски. На Параолимписките игри во Атина, пред осум години, Ванчо Каранфилов освои сребрен медал во дисциплината воздушен пиштол.

Двајцата наши параолимпијци одново ќе се појават во стрелачката арена в понеделник, на 3. септември, во дисциплината спортски пиштол, а потоа на 6 септември Наковска-Бикова и Каранфилов ќе се натпреваруваат во пиштол-слободен избор.

Ова е трета Параолимпијада на која учествува Наковска-Бикова. Пред осум години во Атина таа бесе шеста, на Игрите во Пекинг во 2008 .година се пласира на петтото место, додека на Параолимписките игри во Лондон таа за прв пат во нејзината кариера стана параолимписки шмпион. Стрелањето со воздушен пиштол е нејзина специјалност и Наковска Бикова уште пред почетокот на Игрите очекуваше успех во оваа дисциплина.