1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонските медиуми на испит!

13 мај 2011

Медиумите од Западниот Балкан, се соочуваат со слични проблеми: немаат пари, стандардите се под европските, подложни се на влијанија. Македонските пак, треба професионално да ги отсликаат престојните избори.

https://p.dw.com/p/RNb5
Сиромашни медиуми, сиромашна држава...Фотографија: Fotolia/Bello

Уште еден тест за македонските медиуми. Или кажано со бирократскиот јазик на Унијата: од информациите што ќе ги пласираат медиумите во текот на изборите, ќе зависи и сликата која ќе биде испратена од Македонија за нивото на демократијата во земјата. Зашто според ЕУ, слободата на медиумите и нивната транспарентност се белегот на демокератијата.

„Македонските парламентарни избори имаат добар тајминг. Нашата главна порака за Македонија како кандидат за членство ќе дојде на почетокот на октомври, во извештајот за напредок. Значи, по изборите. Така што нема да може никој да не обвинува за обид да влијание врз изборниот резултат“, коментира Андрис Кестерис, главен советник во дирекцијата за проширување во Европската Комисија.

Дека за сите медиуми изборите се критичен момент потврдува и Оливер Вујовиќ, генерален секретар на СЕЕМО, организација за медиумите во Југоисточна Европа од Виена, партнер на Меѓународниот институт за печат.

Во секоја земја пред избори се чувствува притисок од државата, на политиката врз медиумите. Поточно и пред да се знае точното одржување на изборите започнаа одредени притисоци врз медиумите. И тоа е лошо што политиката се обидува наспроти изборите да управува со медиумите. Посакувам состојбата да е поинкава“, вели Вујовиќ.

Friedrich Ebert Stiftung Oliver Vujovic
Кога некој е во ЕУ, може да прави се што сака! Оливер Вујовиќ од СЕЕМО од ВиенаФотографија: DW

Поголема транспарентност

Смелоста на политиката да се меша во работата на медиумите не е ексклузивитет на Западниот Балкан. Се должи на сплет од фактори, меѓу кои доминира екомомската моќ на оние кои во свои раце ги имаат медиумите и кои не ретко се во спрега со политиката.

Често не се знае кој е сопственик на медиумот. За Македонија е многу важно да постои транспарентност за ова прашање. Инаку, факт е дека со доаѓањето на ВАЦ во Македонија се повлекоа некои локални олигарси. Доколку ВАЦ сега замине. прашање е кој ќе ги купи тие весници?! Се плашам дека доколку весниците ги преземат локални деловни луѓе ќе исчезнат и оние мали професионални стандарди” , коментира Оливер Вујовиќ.

Кога сме веќе кај стандардите, случувањата од последниве месеци во Европа покажаа дека ни во нејзиниот двор медиумските стандарди не се почитуваат. Вујовиќ подвлекува дека кога ќе се влезе во ЕУ, секој се однесува како сака. Пример се Бугарија и Грција кои не го дозволија влезот на македонски новинари кои требало да известуваат од нивна територија. Земји кои се дел од ЕУ правеле проблем и тоа не смеело да се случи. Вујовиќ го кажува и примерот на унгарскиот закон за медиуми , подвлекувајќи дека Европа не успеала да изнајде метод и систем да изврши влијание врз Унгарија. Смета дека бараните стандарди на кои инсистира ЕУ треба да се исполнат, посакувајќи македонските медиуми подобро да функциоинираат во сферата на саморегулирањето и сопственоста.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи