Македонските иселеници ќе формираат партија
13 јули 2010Македонските иселеници во Европа во обид да формираат политичка партија во татковината денеска во центарот на Скопје, на плоштадот Македонија точно на пладне ја промовираа намерата.
„Јaс сум претставникот на Обединети Македонци за Европа. Испратен сум да подготвам терен за формирање на партија која ќе ги собере сите незадоволни од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ“, рече македонскиот гастербајтер во Германија, Насто Палиоски, кој повеќе од 40 години живее во Минхен. Иселениците кои ги застапува тој имаат амбиции да станат трета политичка опција во Македонија. Досега собрале 700 потписи за формирање на новата партија, која за цел ги има: „Семакедонско обединување и подобрување на економијата“.
Македонските иселеници со последните измени во изборниот закон добија право на глас. Иако таа можност е се’ уште проблематична со оглед на тоа што не се знае точниот број на гласачи во дијаспората. Освен тоа значајна тешкотија претставува и бројот на дипломатски претставнишва на Македонија во светот. 44-те амбасади и конзулати се недоволно за да им обезбедат на сите македонски граѓани во светот да се вклучат во изборниот процес.
Автор: Горан Петрески
Редактор: Александра Трајковска