Македонските власти одлучија за што не смее да се известува
2 јануари 2013„Ја осудуваме одлуката на новинарите да им се забрани следење на дебатата за прашања кои се од јавен интерес“, изјави претседателот на Меѓународната федерација на новинарите Џим Боумела.
„Оваа мерка е спротивна на добрите практики на парламентаризмот што својата работа ја води пред очите на јавноста. Клучен услов за тоа е пристапот на новинарите до информациите. Со наредбата да се отстранат новинарите, властите се ставија во позиција да одредуваат за што смее, а за што не смее да се известува“, смета Боумела.
И Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари го поддржуваат Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија во осудата на оваа одлука, која се сведува на цензура и забрана за слободен проток на информации.
„Одлуката е многу повеќе обид за контрола на информациите, отколку што е одговор на какви било безбедносни причини“, додава претседателот на Европската федерација на новинарите Арне Кениг.
„Нашите колеги заслужуваат извинување и гаранција дека ваква мерка никогаш не смее да биде повторена“, вели Кениг.