1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонските вина стануваат „повардарски“

СН/БГ/миа/макфакс9 јули 2013

До крајот на годинава Македонија ќе почне да извезува вина со ознака за заштитено географско потекло „повардарски“. Оваа географска ознака, што е веќе дефинирана, прво треба да се регистрира во земјата, а потоа и во ЕУ.

https://p.dw.com/p/194Wx
Фотографија: Fotolia/Gerisch

„Меѓународната конкуренција во винскиот сектор станува се' поостра. Со географскиот индикатор 'повардарски', македонските вина ќе може да се натпреваруваат на светската арена паралелно со вината од другите земји. Останува на производителите да ја прифатат, искористат и промовираат оваа алатка и да профитираат од тоа што го имаат“, изјави Фредерик Жулие од ФАО по денешната промоција на „повардарски“.

Одговорајќи на новинарско прашање, Жулие рече дека е рано да се изврши регистрација на името „македонски вина“ бидејќи за него се' уште се водат дискусии во рамки на ЕУ.

„Името 'Повардарски' до кое заеднички дојдовме, не може никој да го оспори на меѓународната арена“, истакна Жулие.

Иницијатор за воведување на ознаката беше здружението „Вина од Македонија“ кое изминативе две години интензивно работеше со поддршка на ФАО и ЕБOР.

Weinanbau in Mazedonien
Фотографија: dpa

„Македонските вина имаат добра репутација на Балканот, но се се' уште недоволно познати во ЕУ. Градењето на репутацијата на географските ознаки создава позитивна перцепција и препознатливост на производите. Пробивот на странските пазари можеме да го градиме само со здружени сили и заеднички настапи и промоции на македонските винарии. Неопходно е најпрво брендирање на Македонија како винска земја од каде доаѓа квалитетно вино, а потоа поединечен пробив на секоја винарија на пазарот“, изјави Владислав Попов, претседател на Здружението за заштита на географската ознака за вино „повардарски“.

Досега ознаката за заштитено географско потекло „повардарски“ го прифатиле девет винарски визби. Со неа ќе бидат означени сите вина кои ги исполнуваат пропишаните, специфицирани стандарди на производство од лоза до шише.

Денеска беше промовирано и логото за „повардарски“ кое е во завршна фаза на подготовка.