1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонските аргати бегаат во странство

Антоанела Димитриевска13 јули 2012

Поради малите надници сезонските работници наместо на македонските, работат на плантажите во Италија, Грција, Црна Гора, Хрватска, Романија ... Газдите се исплашени дека ќе нема кој да им го собере родот од нивите.

https://p.dw.com/p/15X3G
Фотографија: Irna

Сезонските работници се‘ повеќе ја напуштаа Македонија. Состојбата е алармантна, а може да стане и драматична, предупредува за Дојче веле Миле Бошков од Бизнис - конфедерацијата на Македонија. Тој смета дека има шанса и оние кои остануваат во земјата да не го дадат потребниот квалитет и потенцира „алармантно не е само што ќе ги изгубиме луѓето, туку го губиме и квалитетот.Тие што си одат знаат колку вредат и мора да бидат добро платени‘‘. И додава: „Во Македонија се‘уште имаме ниски надници, помеѓу 400 и 600 денари, а тоа значи добра подлога сезонските работници да одат надвор од Македонија. Сметам дека мора многу квалитетно да се поработи на доквалификацијата на работниците, мора да се стимулираат да остануваат во Македонија. Мора да се прават мерки кои навистина ќе бидат добри за флексибилно вработување во однос на ангажирање на привремените работници“.

Кате е една од многуте сезонски работнички која наместо на македонските, веќе неколку години работи на плантажи во Хрватска и вели дека е задоволно од дневниците кои таму ги добива.

Albanische Bäuerinnen ernten roten Paprika nahe Ohrid See
Фотографија: picture-alliance/ dpa

„Малите дневници кои ги добиваме овде за нашата работа беа пресудни да си ја пробам среќата во странство. Неколку години по ред работам во Хрватска и сум задоволна од тамошните примања‘‘.

Газдите исплашени дека нема кој да им го собере родот од нивите

Газдите во Македонија се во паника.

„Сопственик сум на 2 хектари пластеници со краставици и домати. Секоја година ангажирам триесетина аргати, годинава едвај најдов десетина. Не знам дали тие ќе можат навреме да го соберат целиот род“, загрижено вели Никола Петровски од Свети Николско. Во слично состојба се и останатите.

Затоа од Бизнис – конфедерацијата на Македонија им порачуваат, не само да жалат тука самите да создадат поповолни услови со кои ќе ги задржат работниците.

Weinanbau in Mazedonien
Фотографија: dpa

„Пред се‘ треба да разговараат за флексибилно работно време, бидејќи не секогаш во секој момент има флексибилна регистрација на работното време. И треба да сфатат дека веќе не можат да ги експлоатираат работниците и да ги дискриминираат со многу ниски надници. Друга работа е што не им даваат добри надоместоци и поради се‘ поголемото избегнување на исплаќање на персонален данок и дополнителни социјални придонеси‘‘.

Како да се надминат состојбите?

„Ние како Бизнис – конфедерација заедно со владата и синдикатот веќе работиме на јакнење на свеста на работодавачите и работниците, ги подржуваме кампањите за сигурно, безбедно и професионално вработување“, потенцира Миле Бошков и појаснува: „и да можеме активно да им објаснуваме на компаниите дека навистина треба да размислат на продуктивноста на компанијата во однос на зачувување на човечкиот капитал односно на работниците. Мора да се има свест за да може да се искористува работната сила. Меѓутоа на квалитетен, на сериозен и на поодговорен начин, а не да се запоставуваат и експлоатираат“.