Македонскиот државен врв сеуште не го отркива ставот за новиот предлог на Нимиц
27 март 2008Шефот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски ги информирал своите владини партнери за новото можно име и пакетот на Нимиц. Груевски денеска сепак и натаму молчи околу својата позиција, проценка и одговор дали за премиерот и владата е прифатливо името Република Македонија (Скопје) во англиска траскрипција.
Властите во Скопје сеуште не се изјаснија за пакетото на Нимиц, првата провокација во Собранието дојде од шефот на опозициските Либералдемократи Јован Манасиевски „Дали сметате дека можете да отидете во Букурешт без претходна расправа и став од Парламентот.“ Премиерот Груевски одговори „Ќе направиме се што е во наша моќ да излеземе со што е можно подобри позиции за ова деликатно прашање за Република Македонија.“
Премиерот Груевски и претседателот Црвенковски го чекаат враќањето на амбасадорот Димитров за официјален одговор по предлогот на Метју Нимиц.
Но дека владата и пред се’ премиерот се резервирани кон можната промена на името зборува и тоа што сега нендејно е отворена нова афера во македонското собрание. Лидерот на владејачката ДПА, Мендух Тачи со докумнети обвини дека како опозициски политичар бил прислушуван од претходната влада на СДСМ, предводена од тандемот Црвенковски и Верушевски, тогашен шеф на тајната полиција и близок пријател на актуелниот претседател на државата. Опозицијата оваа афера ја оцени како пропаганден трик на владата да се сврти вниманието на домашната јавност од деликатната одлука. Дали премиерот Груевски и владата ќе прифатат нова референца Република Македонија (Скопје)