1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонска дијаспора - име

11 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CAF8

Република Македонија има право на своето име, а спорот со Грција треба да се реши на билатерално ниво, му порачале претставниците на македонската дијаспора во Северна Америка на посредникот Метју Нимиц. Претседателот на невалдината Обединета македонска дијаспора Мето Коловски по средбата со Нимиц за Дојче Веле изјави дека не може да го соопшти ставот на медијаторот кој произлегол од разговорите, но вели дека американскиот дипломат ги прифатил аргументите, кои му биле претставени. На состанокот оддржан во Њујорк, со Нимиц разговарале претставници на македонските организации во САД и Канада.