1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонската стара архитектура пред Берлинчани

Силвера Падори4 јули 2008

Во галеријата Прима Центар во Берлин до средината на месецов се претставува македонската архителтура. И тоа онаа видена низ сликите и колажите на младите авторки од Скопје Кристина Битракова и Емилија Лазаревска

https://p.dw.com/p/EWIy
Вљубениците на уметноста од престолнината заинтересирани за старата македонска архитектура презентирано во творештвото на Битракова и ЛазаревскаФотографија: AP

"Богатство од минатото”, “Мост на надежта” “Далга” или “Тајна”... се само неколкуте наслови од 24-те слики работени со акрил на хартија или колаж техника кои уште на прв поглед асоцираат на сонцето, старите градби, традицијата.. И тоа онаа од Македонија која во сета раскош и убавина пред Берлинчани ја распослаа Кристина Битракова и Емилија Лазаревска, сликарки од Скопје. Повеќегодишната работа на иста тема резултираше со изложбата “До кога ќе оди вака”.

Дијалог на иста тема

Кристина Битракова кажува дека сосема случајно со својата колешка Емилија Лазаревска констатирале дека се преокупирани со иста тема: македонската стара архителтура, онаа во селата и во градовите. Токму таа стара архитектура, како вели Кристина во многу делови од Македонија се уништува, а во себе соддржи толку многу приказни: тажни, болни, радосни.. Секакви. За неа предизвик беше и е моментот кога гледачот ќе се поттикне да размисли колку се генерации минале низ тиа стари куќи. Во Берлин се јанде првиот од циклусот цртежи “Само јас си знаам” но и последниот од досегашната серија.Со тоа како кажува Кристина ја остава слободата секој да си го птонајде во себе градот што му оставил најголем впечаток и на што му асоцираат претставените цртежи од Македонија.

Битракова инаку се уште и по магистратурата од 2003 тата е преокупирана со македонската архителктура како тема, а до кога и самата не знае.

Боите на поднебјето и сонцето

Во 11-те слики на Емилија Лазаревска, кои пренесуваат мотиви од руинирани и убави селски куќи силно доминираат боите на македонското поднебје, на сонцето..Ова е воопшто прво претставување на Лазаревска пред публиката. Многу шета низ Македониоја и како вели мотивите ги лови со очите и камерата. Ги преработува во сопствениот свет и ги преточува на хартија.Нејзина цел е тие стари куќи да ги презентира подекоративно. Зашто сета таа убавина е дел од нас, од нашето минато. Затоа во цртежите има и многу боја, сонце, иако во реалноста тиа стари убави куќи и не се толку колоритни.

“Во колажите внесувам делови од ткаенини, конци... Го пренесувам и презентирам везот, зашто корените ни се тие” - кажува Емилија Лазаревска радосна од позитивниот прием на публиката која беше воодушевена од топлината, боите и пораките кои се пренесени.

За ваквите реакции пак, критиичарот и еден од водечките германски куратори Ролф Кулц Меккензи подвлече:

“Првиот впечаток е дека делата ја покажуваат добрата школа на авторките.Посебно одлично ја владеат графиката, но се силни и во декоративниот дел. Ова не ме изненадува зашто и обете за учител го имале Константин Танчев Динка кого го познавам и многу го ценам. Но, важно е што занатски наученото одлично го владеат без да го копираат својот учител. Сметам дека преку интензивна работа и двете ќе имаат добар развој”.