1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонската опозиција ги продолжува протестите

АТ/макфакс/ миа27 декември 2012

Во Скопје и во други градови во Македонија продолжуваат протестите на опозицијата. За денеска е закажана собраниска седница за пратенички прашање до Владата, на која според најавите нема да учествува опозицијата.

https://p.dw.com/p/179KT
Фотографија: MIA

Повеќе стотини приврзеници на опозицијата и вчера вечер одржаа протести во центарот на Скопје. На чело на протестите беше најтесното раководство на СДСМ, предводено од лидерот на партијата Бранко Црвенковски и лидерите на другите партии од опозициската коалиција. Како што претходно најави Црвенковски, протестите продолжуваат до петок и тоа секогаш во периодот од 18:00 до 18:30 часот, а за во сабота е закажан протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Битолската телевизија Тера и охридскиот портал Охрид њуз јавија дека протести се одржале и во Битола и Охрид.

По инцидентите во и пред македонскиот парламент во понеделникот, опозицискиот СДСМ најави дека се повлекува од парламентарната работа и оддржување на протести во цела Македонија.

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 50. седница. На седницата пратениците треба да поставуваат прашања до членовите на Владата. Се очекува пратениците од повеќе опозициски партии да не учествуваат во работата на законодавниот дом.