1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонската лустрација се сели на интернет

БГ/макфакс3 август 2012

Согласно одлуката на Комисијата за верификација на фактите, денеска (03.08.2012) треба да бидат објавени имињата на 11 наводни соработници со тајните служби.

https://p.dw.com/p/15jGG
Фотографија: BStU

Во Македонија денеска се очекува јавно да бидат објавени имињата и досиејата на 11 наводни соработници на тајните служби на интернет страницата на Комисијата за верификација на фактите. Членовите на Комисијата на седница во понеделникот, ги потврдија решенијата за 11 стари соработници според новиот Закон за лустрација, кој што предвидува имињата и досиејата да бидат објавени на интернет страницата на Комисијата во рок од три дена.

Членовите повторно одлучуваа за овие функционери, откако Уставниот суд укина некои одреди од стариот Закон за лустрација, а Управниот суд по автоматизам ја укина одлуката на Комисијата.

Членовите кои се предложени од опозицијата, сметаат дека Комисијата со објавувањето на имињата на интернет страницата се крши Уставот и никој не треба да биде јавно жигосан сe додека не се произнесе Управниот суд за нив. Членовите кои се предложени од опозицијата, сметаат дека Комисијата со објавувањето на имињата на интернет страницата се крши Уставот и никој не треба да биде јавно жигосан сe додека не се произнесе Управниот суд за нив. Претседателот на Комисијата, Томе Аџиев, пак смета дека Комисијата работи според новиот Закон.