1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонската влада позитивно гледа на планот на Ахтисари

3 февруари 2007

Еден ден по објавувањето на планот на Марти Ахтисари, лидерот на косовската опозиција Хашим Тачи на разговори со македонкиот премиер Никола Груевски во Скопје.

https://p.dw.com/p/AbzZ
Хашим Тачи кај македонскиот премиер Никола Груевски
Хашим Тачи кај македонскиот премиер Никола ГруевскиФотографија: DW

Владата на Македонија позитивно гледа на планот на Марти Ахтисари за решавање на статутот на Косово и ги поздравува решенијата за брзо и ефикансо разграничување меѓу двете земји. Ова го изјави македонскиот премиер Никола Груевски по средбата на шефот на опозицијата на Косово Хашим Тачи, кој во Скопје допатува само еден ден по отврањето на пакетот за решението на статусот на Косово во Белград и Приштина. Тоа е знак на добрососедство и ние сме подготвени да ги реалзираме обврските на меѓународната заедница за конечно одбележување на границата изјави Хашим Тачи во Скопје.