Македонија ќе вложи жалба на пресудата за ОКТА
17 август 2007Реклама
Македонската влада има намера да вложи жалба на одлуката на Арбитражниот суд во Париз според која на грчката компанија „Хеленик Петролеум“ треба да и исплати отштета од преку 53 милиони долари и соодветни камати, поради прекршување на купопродажниот договор за рафинеријата ОКТА. Портпаролот на владата Ивица Боцески , денеска појасни дека не станува збор за извршна одлука и владата преку жалбата и натаму ќе ги брани позициите на државата. Инаку според купопродажниот договор за ОКТА беше склучен во 1999-та година рафинеријата имаше ексклузивитет , што го изгуби во 2002-ра со едностраното раскинување на договорот од страна на владата . Хеленик Петролеум поднесе тужба пред судот во Париз во 2004-та година .