1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија – Хрватска

19 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AyIh

Храватска и Македонија во наредната година очекуваат покана за НАТО, а во блиска иднина и членство во Европската унија. Ова го истакнаа министрите за надворешни работи на двете земји, Колинда Грабар Китаровиќ и Антонио Милошоски по вчерашата средба во Загреб. Милошоски потврди дека НАТО и Европската унија се двете приоритетни цели за кои Македонија и Хрватска интензивно соработуваат. Тој информира дека во завршна фаза се подготовките за Форумот на евро-атлантскиот партнерски совет што треба да се одржи кон крајот на овој месец во Охрид.