1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија спаѓа меѓу врвните кандидати од Западен Балкан за членство во Европската Унија

8 јуни 2005

Премиерот на Република Македонија Владо Бучковски во официјална посета на Берлин

https://p.dw.com/p/AcEq
Шредер силно ја подржува Македонија
Шредер силно ја подржува МакедонијаФотографија: AP

Германскиот канцелар Герхард Шредер во меѓувреме добро ги познава приликите во Македонија . По само осум месеци тој по втор пат беше домаќин на шеф на владата на Македонија. Овој пат негов гостин беше премиерот на Македонија, Владо Бучковски.Шредер подвлече дека Германија ја смета Македонија како фактор на стабилност во регионот и тоа сака да го вреднува. Македонија треба да служи за пример рече Шредер.Оттаму и уверувањето на германскиот канцелар дека Македонија и покрај скепсата во Европа е меѓу врвните кандидати кои ќе имаат можност одвнатре да ја запознаат Европа . Германскиот канцелар и овој пат неможеше да наведе конкретен термин. Оние кои велат дека зачленувањето на земјите од Западниот Балкан, па и на Македонија во ЕУ, ќе чини многу пари, според мислење на Шредер не се во право.Стабилноста во регионот е тесно поврзана со процесот на проширување .Оние кои таквата перспектива ја доведуваат во прашање ја доведуваат во прашање и европската стабилност - рече канцеларот. Финансирањето на европските и на германските трупи чини многу повеќе пари одошто перспективата за самоуверените реформаторски земји да бидат дел од обединета Европа-подвлече Шредер.

На прес конференцијата во Берлин германскиот канцелар Шредер беше јасен дека не смее да се загуби идеата за заедничка Европа, во која еден ден ќе биде и Македонија . Канцеларот вака им се спротистави на сите " популистички струења " и во Германија по француското и холандското "не" за ЕУ уставот. На гостинот од Македонија премиерот Владо Бучковски секако му годеше подршката на германскиот канцелар и неговата јасна порака за продолжување на процесот на доближубање до ЕУ. Посебно неговата изјава дека Европа мора да стане свесна за тоа каков приоритет има Македонија со оглед на напорите да биде успешно мултиетничко општество. Бучковски истакна дека за неговата земја е привилегија да се има сојузник како што е СРГ. Акцентот на германско-македонската соработка во иднина ќе биде на економски план.

На средбата било разговарано и за преговорите за конечниот статус на Косово што ќе започнат во октомври. Премиерот на Република Македонија и во Берлин јасно рече дека неговата влада ќе акцептира секаков компромис што ќе биде постигнат меѓу Белград и Приштина . Но, тој во никој случај не би смеел да го загрози територијалниот интегритет на неговата земја. За решавање на статусот на Косово тој го предложи австрискиот модел од 5о -тите години на минатиот век. Од Берлин тој испрати порака до политичарите на Косово дека треба да дадат јасен сигнал за тоа дека решението на статусот нема да биде во правец на обединување на териториите во кои живеат Албанци во соседните држави, како во Македонија , Србија и Албанија. Важно е и да се заврши и процесот на демаркација на административната граница меѓу Македонија и Косово , беше категоричен премиерот на Република Македонија .