Македонија – Собрание
18 јули 2007Реклама
Група пратеници во македонското Собрание бараат итна и вонредна седница на која премиерот Никола Груевски ќе ги образложи пораките од ЕУ добиени при посетата на Брисел. Иницијативата на групата пратеници ја поддржаа и лидерите на двете помали владини партии, Тито Петковски од Новата социјалдемократска партија и Мендух Тачи од ДПА. Пратениците исто така сакаат да дознаат од премиерот што содржи неговиот политички „дил„ со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Пратеничката група на оваа партија е повторно надвор од парламентот.