Македонија се простува од загинатите војници
15 јануари 2008Реклама
На медиумите сериозна музика, на улиците знамиња на половина копје. Во Македонија е ден на жалост. Земјата се простува од 11те мировници кои загинаа во хиликоптерската несреќа во близина на Скопје.
Пет од загинатите војнции ќе бидат погребани во Скопје на градските гробишта Бутел, а останатите на местата каде што живееја. Погребините церемонии почнаа, а во градската капела во Скопје веќе повеќе часови се собираат луѓето кои ќе ги испраќаат загинатите војници во нивниот вечен дом. Нивните роднини и пријатели, државниот врв, странските амбасадори.
Несреќата се случи во саботата после пладне. На неколку минути пред слетувањето, хиликоптерот се урна во катлановско. Од она што досега е утврдено во истрагата, познато е дека пилотот не пријавил каков било дефект при последниот контакт со контролната кула. Според неофицијални информации хилихоптерот имал проблем со оддржувањето на висината. Утвредно е и дека војнциите погинале од ударот при падот, а не од експлозијата што настанала подоцна.