Македонија се простува од академик Никола Кљусев
18 јануари 2008Реклама
Првиот премиер на независна Македонија Никола Кљусев добива питет на историска личност. Владата постхумно го прогласи за почесен граѓанин, како човек и политичар кој имаше храброст да ја воведе државата во својата независност. Експертската влада со која раководеше го воведе македонскиот денар и ги удри темелите на македонската армија. Во чест на академик Кљусев денеска ќе се оддржат комеморации во македонското Собрание и МАНУ. Академик Никола Кљусев беше премиер на Македонија во 1991/92 година. Во времето на косовската бегалска криза и почетокот на војната беше министер за одбрана во владата на Љубчо Георгиевски. Академик Кљусев ќе биде погребан во Алејата на великаните.