Македонија – парламент – интерпелација
31 август 2007Реклама
Македонските пратеници денеска ќе расправаат за интерпелацијата на претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски, поднесена од пратеничката група на Либерално-демократската партија. Барањето беше поднесено на 10 август со образложение дека Георгиевски го претворил парламентот во извор на перманентна политичка криза. Според деловникот, за да биде прифатена интерпелацијата поднесена од ЛДП, потребна е поддршка од најмалку 61 пратеник.