1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија не доволно ги корисити европските фондови

Горан Петрески28 јуни 2006

Со договорот за стабилизација и асоцијација на МАкеоднија и се отвори можност за користење европски средства за развој. Со статусот на кандидат за прием во Унијата можностите ќе бидат поголеми. Какво е досегашнотот искуство во корисењето на фондовите?

https://p.dw.com/p/AeLR
Фотографија: dpa - Fotoreport

Македонија нема пристап дo европските пари. Причината за тоа е разбирлива, но кандидатскиот статус за членство на земјата ќе и овозможи од наредната година да ги користи пред пристапните фондви на Унијата. Во 2007 година ИПА новиот инструмент за финансиска помош ќе ги замени сите досегашни фондови на Унијата. Јован Деспотовски од владиниот сектро за Евро – интеграции очекува дека сумата на која ќе може да смета Македонија ќе се зголеми најмалку двојно „Износот на средствата што досега го добивавме од програмата КАРДС ќе биде значително зголемен. Нашите предвидувања, нашите очекувања се дека ќе можеме да користиме од сегашните 17 односно 18 евра по глава на жител, ќе коростиме до 40 евра до 2009 година на годишно ниво по глава на жител.“

Македонија недовлоно ја искористи европската помош

Фондовите во помал обем и досега беа отворени за Македонија, но компаниите или не беа информирани за тоа или нудеа лоши проекти. На македонските бизнисмени немаше кој да им објасни како да стигнат до европските пари „Прво е прашање колку македонските компании ги добиваат овие информации. Тоа значи дека би требало директен контакт.“ вели Ангел Георгиевски кој има холански партнер и фирма во Македонија.

Холандија е еден од поголемите донатори и кредитори за Македонија. Љупчо Тодоровски од трговската комора, вели дека странците не се задоволни од темпото и обемот со кој Македонија го искористува она што и е на располагање. „Самата соработка, ако сметаат дека е добра, но не е задолителна, се очекуваат многу повеќе контакти, многу повеќе соработка и многу повеќе зближување за ваков тип проекти.“

Потребна е соработка и со други донатори

Тања Хафнер Адеми од Македонскиот центар за меѓународна соработка смета дека Македониај треба да побара донатори и надвор од Европската унија но и да ја промени намената на парите што ги добива од надвор. „Значи да не биде тоа само помош во реконструкција, инфраструктура, туку да биде помош во смисла насочена кон развојните проекти, во однос на развојот на самата земја и дека треба да се подобри соработката со други донатори како САД на пример.“

Од осамостојувањето до сега, Европа на Макеоднија и дала повеќе од 600 милиони евра за реформи, за помош на бизнисот, за инфраструктура, но парите редовно стигнувале со забелешка за корупцијата, непримената на законите, бавното судство.

Од буџетот што Унијата го проектираше за периодот 2007 - 2013 Македонија ќе може да корсити најмногу 80 милиони евра годинишно, што е незначителнен дел од вкупната сума 11,5 милиајрди евра што Унијата ги предвиде за Југоисточна Европа.