Македонија нема прва да признае независност на Косово
1 декември 2007Реклама
Независноста на Косово е неповратен пат,ќе се случи во најскоро време и ние сме во постојан контакт со нашите пријатели во Брисел и Вашингтон,изјави во Скопје косовскиот претседател Сејдиу.Македонија нема прва да ја признае независноста на Косово, ние не сме во позиција да го прејудицираме решението,туку да ја следиме политиката на ЕУ и САД,рече на денешната прес конференција шефот на македонската држава Бранко Црвенковски.Двајцата претседатели позитивно ги оценија билатералните политички и економски односи.