1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Македонија нема маневарски простор за името, а Грција има“

1 ноември 2009

Македонскиот вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски во Владата одржа средба со шест поранешни вицепремиери задолжени за европски прашања, на која размениле ставови и искуства во врска со евроинтеграциите.

https://p.dw.com/p/KKQo
На патот на Македонија во ЕУ стои спорот со иметоФотографија: Petr Stojanovski

Наумовски ги чу размислувањата на Јане Миљоски, Златка Поповска, Радмила Кипријанова, Васил Тупурковски, Зоран Крстевски и Радмила Шеќеринска. На средбата не присуствуваше само поранешниот вицепремиер Ивица Боцевски.

„Сите искуства кои ги поседуваат поранешните вицепремиери се непроценливо богатство и тие ќе бидат искористени во наредниот период. Тие изразија подготвеност да бидат вклучени во натамошните процеси поврзани со оваа проблематика“, рече вицепремиерот Наумовски.

Тупурковски: Спорот со името-клучна фаза

Поранешниот вицепремиер Васил Тупурковски смета дека ваквите средби се дел од вклучувањето на сите капацитети што ги има Македонија во наредната фаза - преговорите за членство, која, според него, е клучна.

Предмет на разговорите на поранешните со сегашниот вицепремиер, не бил спорот за името што Македонија ги има со Грција.

„Ние разговаравме за преговорите како да ќе ги добиеме. Сепак очигледно е дека преговори нема да има без решавање на спорот. Јасно е дека новиот грчки премиер е покомплициран за преговори бидејќи интелектуално и образовно е подигнат, а мек во тонот и пристапот. Позициите на Грција се утврдени. За тоа што ќе се случува ќе се преговара во ОН и од тоа не треба да се откажуваме, рече тој.“

Professor Vasil Tupurkovski
Васил ТупурковскиФотографија: DW/Stojanovski

Според него, Македонија се обврзала на копромис во 1995 година со потпишување на Времената спогодба во која се вели дека ќе се разговара до наоѓање на заемно решение под покровителство на ОН.

„Тоа нас не‘ држи под притисок. Што е компромисот, треба да се дефинира, а тоа не се нашите почетни позиции. Грчката страна прво не прифаќаше воопшто во името да стои Македонија, а наша крајна позиција, во ваков тип преговори, какви сме прифатиле самите, не може да биде почетната, односно Република Македонија. Ние немаме маневарски простор, тие имаат. Тие велат дека прават сериозно придвижување што дозволуваат име Македонија со географска одредница. Очигледно е дека ќе бидеме притиснати да ја спроведеме нашата одлука дека ќе разговараме за компромис“, рече Тупурковски.

ЖА/миа