Македонија на ЕП во група со Германија
15 јуни 2011Репрезентацијата на Македонија во ракомет ќе игра во групата „Б“ заедно се Германија, Шведска и Чешка на Европското првенство што од 15 до 29 јануари идната година ќе се одржи во Србија.
Премиерниот настап на еврошампионатот, Македонија ќе го има на 15 јануари кога во 1.коло за противник ќе ја има Шведска. Во 2.коло на 17 јануари Македонија ќе игра со Германија, а на 19 јануари ракометарите на Чешка во рамките на 3.коло од групата „Б“ ќе им бидат противници на македонските репрезентативци.
Шансата е во Чешка
Трите првопласирани селекции продолжуваат во следната фаза.
Репрезентацијата на Чешка, според македонскиот селектор Звонко Шундовски може да биде виза за пласман во втората рунда.
Најтешка група ќе биде во Нови Сад каде што ќе играат Франција, Унгарија, Шпанија и Русија.
Состав на групите:
Група А – Белград: Полска, Данска, Србија и Словачка
Група Б – НиШ: Германија, Шведска, Чешка и Македонија
Група Ц – Нови Сад: Франција, Унгарија, Шпанија и Русија
Група Д – Вршац: Хрватска, Норвешка, Исланд и Словенија
Автор:СН/миа/макфакс
Редактор: Елизабета Милошевска Фидановска