1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија мора да го искористи претседавањето на Словенија со ЕУ

23 март 2007
https://p.dw.com/p/AgLT

Македонија треба да го искористи претседателствувањето на Словенија со Европската Унија од 1 јануари 2008-ма година за да оствари напредок во евроатлантските интеграции. Ова е задничкиот заклучок од вчерашната средба во Љубљана меѓу македонскиот министер за одбрана Лазар Еленовски и државниот секретар во словенечкото министерство за надворешни работи Андреј Штер . Во тој период Македонија може да добие покана за членство во НАТО , но и датум за почеток на преговори за полноправно членство во Унијата – заклучиле двајцата политичари. Штер уште ја истакнал потребата за натамошни реформи во Македонија во правосудството , полицијата но и интензивирање на борбата против корупцијата и криминалот.