1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија како туристичка дестинација

Милчо Јовановски18 јануари 2009

Светската економска криза ќе се почувствува и во туризмот, сметаат експертите кои учествуваат на Меѓунарондиот саем и форум за туризам во Охрид. Тие говореа и за тоа каква туристичка дестинација е Македонија.

https://p.dw.com/p/GavE
Охрид е најголемата туристичка дестинација во МакедонијаФотографија: dpa

Охрид се’ уште не расчистил дали ќе развива елитен или масовен туризам. И за едното и за другото треба да се создадат предуслови, сметаат експертите коишто учествуваат на Меѓународниот саем за туризам кој се одржува во Охрид. Според нив, работите се движат, но не со посакуваното темпо. Силните странски инвестици за изградба на хотели на охридската ривиера изостанаа. Неколку проекти се најавија, но уште побрзо се повлекоа инвеститорите.Општината ја донесе локалната стратегија за развој на туризмот, вели Гоце Симоноски.

„Одиме на туризам кој ќе биде базиран на туристи кои во Охрид ќе доаѓаат во текот на цела година, на туристи кои веќе виделе се’ во светот. Значи не одиме на масовен туризам, бидејќи е спротивно на напорите за заштита на природното и културно богатство.“ вели Симоноски.

Се враќаат странските туристи

Според последните статистики, во Македонија се враќаат странците, особено Холанѓаните и Германците, но сепак најбројни се гостите од соседството - Србија, Бугарија, Албанија. Новите туристи од Србија повторно го открија Охрид, вели Ирена од Асоцијацијата на хотелите и рестораните во Србија. Според неа во понудата треба да се додадат и дополнителни атракции.

Orthodoxe St.Naum Kirche beim Ohrid See, Mazedonien
Туристите бараат зголемена понуда, како на пример, посета на црквата „Свети Наум“Фотографија: AP

„Значи сето тоа што не понудено во хотелите и апартманите, туку надвор од нив. Ноќниот живот, излетите, на пример, до Свети Наум. Туристите бараат поатрактивно разгледување на Самоиловата тврдина, Канео, Античкиот театар и слично“

Светската криза се почувствува и во туризмот

„Се намалува буџетот за одмор, но и за бизнис патувањата“, вели доцент доктор Климе Попоски од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. „Корпорациите внимаваат на секој сегмент од структурата во трошоците во нивната работа. Тие не можат да си дозоволат организирање туристички конференции, деловни состаноци, користење на скапи авионски летови и на тој начин кризата неизбежно ќе влијае и врз бизнис патувањата“. Тој смета дека е неизбежна стагнација и во меѓународниот туристички промет: „Порастот на меѓународните посети ќе биде од 0 до 2 проценти. Значи ќе има стагнација во однос на меѓународниот туристички промет“. Сепак тој е убеден дека, кога е во прашање Македонија, кризата во туризмот нема многу да се почувствува.

„Позитивната стапка на пораст на туристите присутна во последните три години ќе претрпи намалување во однос на стапката на пораст. Но, јас сум оптимист дека ние сепак ќе имаме подобри остварувања во 2009 година од лани“.

Инаку и покрај силните најави дека на саемот ќе има и голем број странски оператори, сепак најголем број од штандовите на саемот се од Охрид и Македонија, а ги има од Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија.