Македонија и Црна Гора со заеднички став за прашањето на статусот на Косово
30 јули 2007Реклама
Македонија и Црна Гора имаат заеднички став дека прашањето на идниот статус на Косово треба да се реши што поскори на начин на кој би се зголемила стабилноста во регионот и ќе придонесе за уште посилно евроатлантско партнерство на земјите на Балканот. Ова денеска во Скопје го истакнаа министрите за надворешни работи на двете земји , Антонио Милошоски и Милан Роќен .
Тие покрај ова најавија засилена соработка на патот кон евроатлантските структури но како приоритет го посочија јакнењето на економските односи меѓу двете земји .