Македонија и официјално побара пристап до Прохор Пчињски на 2 август
25 јули 2007Реклама
Македонското МНР со официјална нота до Белград побара од српските власти да и овозможат на македонската државна делегација на 2 август пристап до манастирот Прохор Пчињски за одбележување на годишнината од АСНОМ. Одговор од Белград сеуште нема. Срспкиот вицепремиер Божидар Џелиќ вчера во Скопје изјави дека прашањето е во надлежност на српската црква. Премиерот Никола Груевски изјави дека побарал од Ѓелиќ да лобира кај српската црква за решавање на спорот.