Македонија и КФОР потпишаа спогодба за чување на границата
4 септември 2007Реклама
Македонија и КФОР денеска потпишаа привремената спогодба за чување на границата. Целта на договорот е воспоставување ефективни процедури на соработка и координираност на двете страни за контрола на границата. Како што стои во соопштението од МВР, заедничките напори ќе се насочат кон спречување и превенција од илегално преминување.