1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија за Свети Кирил

Билјана Ставрова24 мај 2007

Делегација на Македонија предводена од претседателот на Парламентот Љубиша Георгиевски и од архиепископот на мПЦ,г.г. Стефан беше кај папата Бенедикт 16 по повод чествувањето на Свети Кирил

https://p.dw.com/p/Anrr
Ватикан
ВатиканФотографија: AP

„Со оптимизам и пријателство“,рече во говорот папата Бенедикт 16 пред македонската црковна делегација. „Останете верни на наследството кое го имате од Свети Кирил и Методиј,двајцата апостоли на Евангелието,“порача папата кој својот говор за првпат го прочита пред медиумите.Да го споделиме духовното богатство на кое сте вие наследници,како и со другите народи,блиски по култура и традиција на вас,пораката ќе биде правилно сватена.Вашата земја е место на среќавање на повеќе религии,изјави папата Бенедикт 16 пред макеоднската делегација предводена од претседателот на Парламентот Љубиша Георгиевски,архиепископот на МПЦ,господин господин Стефан и апостолскиот егзарх во Македонија Киро Стојанов.Поради јавното обраќање на папта Бенедикт 16 најавената кратка средба со Георгиевски не се оствари,но пред почетокот на ауденцијата претседателот на македонскиот парламент на папата му предочил-папата е златниот клуч на Македонија кон Европа.За разлика од посетата на премиерот Груевски минатата година во декември,сега темата за спорот на МПЦ со СПЦ не беше отворена.Сеуште има кавга пак околу тоа чија националност има просветителот Кирил ,македонската и бугарската делегација никогаш не одат заедно во Ватикан.Годинава тие едноподруго беа кај понтифот.Третманот на сите е ист во Светата столица,како и поклоните,сите добија златници со сомболот на понтификатот и бројници.За возврат на папата му беше врачен мозаик со Хераклејскиот мотив –гулабот на мирот.Чествувањата во Рим завршија со молебенот на гробот на Свети Кирил во базиликата Сан Клементе.Чиноначалствуваше г.г. Стефан заедно со валдиците Тимотеј и Климент,во присуство на претставници на Ватикан и свештенци од католичката црква од Македонија.

„Дојдовме од земјата на љубовта и од крајот каде што е божествена убавина и бескрајна добрина“, истакна по молебенот архиепископот Стефан и му се заблагодари на Свети Кирил за „божествените прсти,на мојот народ му ја напиша слободата“.