1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија делумно ги спровела препораките на ЕКРИ

Тони Гламчевски16 јули 2013

Република Македонија ги спровела делумно последните три препораки на Европската комисија за борба против расизмот и нетпрелиовста (ЕКРИ), за кои беше побарано приоритетно спроведување во 2010 година.

https://p.dw.com/p/19893
Фотографија: picture alliance/abaca

Според новата практика на ЕКРИ, темелејќи се на одговорите на македонските власти дадени во извештајот од четвртиот круг на следење на земјите членки на Советот на Европа, во Стразбур беше претставен извештајот за начинот на кој Република Македонија ги спроведе препораките од извештајот од 15 јуни 2010 година.

Во извештајот од 2010 ЕКРИ ги охрабри македонските власти да продолжат со процесот на законодавни реформи од граѓанската и административната област кои беа во тек, со цел да се постигне заштита од дискриминацијата и да се обезбеди највисока заштита на жртвите од дискриминацијата. ЕКРИ според одговорот од македонските власти, го поздравува усвојувањето на законот за заштита против дискриминацијата на 8. април 2010 и формирањето на Комисијата за заштита од дискриминацијата на 1. јануари 2010. Комисијата била повикана да се изјасни по шеесетина поплаки и дала мислење за околу трисетина и за пет случаи на потврдена дискриминација, таа дала препораки за начинот како да се спречи кршењето на законите.

Фактот што Комисијата не располага со секретаријат и автономија за буџетот, како и забелешките од невладините организации за независноста на Комисијата и не отворањето на ниту едно прашање заедно со надлежните власти од областа на превенцијата на дискриминацијата, ЕКРИ смета дека препораката е делумно исполнета.

Europarat Logo

Околу препораката која се однесуваше на воспоставувањето на систем за ориентација, кој ќе гарантира дека само децата кои навистина имаат хендикеп се упатени во специјализирани училишни установи, со оглед дека беше констатирано дека многу деца од ромска припадност неправедно беа упатувани кон овие установи: Според ЕКРИ по преземените активности од страна на Македонија за ориентирање на децата во школскиот систем постигнат е напредок. Но, новиот биланс ќе биде направен откако ќе биде воспоставен новиот систем. ЕКРИ посебно се интересира за децата кои се упатени во специјализираните училишта и смета дека требало да бидат преземни мерки за нивно реинтегрирање во школскиот систем. Во таа насока во Македонија не биле преземни мерки и според ова и оваа препорака е делумно исполента.

Парцијално е спроведена и препораката која се однесува на дискриминацијата втемелена врз религијата и јазикот. ЕКРИ го поздравува донесувањето на националната стратегија за еднаквост и забрана на дискриминацијата втемелена врз етничка, родова, старосна, физичка, ментална основа и врз хендикеп, но забележува дека властите не дале информации за учеството на граѓанското општетство во изработката на оваа препорака.