1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија го прекршила правото на живот

Тони Гламчевски19 април 2012

Европскиот суд за човекови права пресуди дека Македонија го прекршила членот 2 од Европската конвенција за човековите права, со кој се гарантира правото на живот.

https://p.dw.com/p/14hCL
Фотографија: picture-alliance/dpa

Судот во Стразбур процени дека македонската држава е одговорна, откако еден полициски резервист (Р.Д.) во униформа и со службеното оружје, во пијана состојба, стрелајќи во кафеана, тешко го ранил жалителот Сашо Георгиев. Во оваа прва пресуда, во која Македонија е осудена според членот кој се повикува на правото на живот, Судот го потврдува фактот дека виновникот очигледно не ги почитувал службените правила и ја напуштил полициската станица без одобрување на надредените. Иако властите не можеле да го предвидат однесувањето на Р.Д., Судот од Стразбур смета дека државата треба да воспостави содветен систем на гаранции за да се спречи секаква злоупотреба на службено оружје. Ова и покрај фактот дека во Македонија полицијаците треба да го носат оружјето со себе во секој момент.

Георгиев како морална оштета од Македонија ќе треба да добие 12.000 евра плус 3.900 евра за материјална штета. Настанот на кој се ондеусва пресудата се случил на 6 јануари 2002 година, во Скопје.