Македонија го задржува кредитниот рејтинг
27 октомври 2011Реклама
„Рангирањето се базира врз солидната рамка на макроекономска политика, ниската владина задолженост и дефицит, како и стабилниот банкарски систем. Сепак, и натаму демнат фискалната ранливост и политичките ризици“, вели Матео Наполитано од агенцијата „Фич“.
Оваа француско-американска агенција очекува македонската влада годинава да ги оствари или благо да ги надмине проекциите за дефицитот од 2,5% од брутодомашниот производ. Таа предвидува намалување на буџетскиот дефицит на 2 проценти до 2013 и задржување на јавниот долг на нивото до 30 отсто. Македонија останува на ниво со низок ризик, споредено со земјите во регионот, стои во соопштението на „Фич“.
Автор: ГЧ/ миа
Редактор: Александра Трајковска