1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија го докажува квалитетот на ЕУРО 2012

24 јануари 2012

Македонската ракометна репрезентација го започна ЕП во Србија во улога на аутсајдер, но досега покажа дека може рамноправно да се носи со големите ракометни сили. За жал среќата не и беше секогаш сојузник.

https://p.dw.com/p/13otz
Филип Миркуловски во нападФотографија: picture-alliance/dpa

Германските, но и други европски медиуми, победата на Македонија од 27:25 над Полска ја опишуваат како изненадување кое го направил аутсајдерот на шампионатот против традиционално силната ракометна нација. Македонските ракометари предводени од како што во Германија го нарекуваат „суперѕвездата“ Кирил Лазаров со малку повеќе спортска среќа ќе постигнеше уште позабележителен успех во досегашниот тек од првенството. Но токму капитенот Лазаров е апсолутно задоволен. Тој смета дека Еуро 2012 покажува дека Македонија е на исто ниво со големите ракометни нации.

Лазаров во трка по нова титула

Тој во секоја пригода одбегнува да го потенцира неговото значење за репрезентацијата. Впрочем тој покрај титилата најдобар стрелец на Светските првенства на сите времиња сега има реална шанса да ја освои истата тутула и во рамки на Европските првенства.

Handball Europameisterschaft Mazedonien Tschechien
Фотографија: dapd

На Лазаров кој досега има постигнато 43 голови му недостасуваат 14 голови за да го стигне рекордот од 57 голови кои Швеѓанецот Стефан Ловгрен и на Олафур Стефансон од Исланд ги постигнаа на ист шампионат пред 10 години. Но Лазаров наспроти тоа секогаш го истакнува тимскиот квалитет: „По оние три тесни натпревари против Германија, Шведска и Данска во кои освоивме само еден бод, оваа победа е многу важна. Морам да им честитам на моите соиграчи за брилијантно одиграниот натпревар“, изјави капитенот на македонската репрезентација по мечот со Полска во која феноменално бранеше Борко Ристовски.

Миркуловски може да игра против Србите

Македонија следниот натпревар ќе го одигра утре во Белград против домаќинот Србија, која веќе обезбеди пласман во полуфиналето.

Наспроти првичните стравувања дека нема да може да игра против Србија македонскиот репрезентативец  Филип Миркуловски се чувствува добро по повредата која ја заработи на синоќешниот натпревар и ќе настапи утре во белградската Арена. 

Иако постоеше сомнеж дека Миркуловски има напукната коска на раката, деталните прегледи покажаа дека на репрезентативниот бек само му е набиена дланката.

Неизвесен меѓутоа е настапот на Аце Јоновски, која поради напукната коска во носот, вчерашниот натпревар против Полска го заврши до деветата минута.

Автор: СН/ АТ/ мф/ ехф

Редактор: Александра Трајковска