1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија годинава со минимален раст на економијата

БГ/миа26 октомври 2012

Економиите на земјите од Југоисточна Европа годинава ќе остварат значително помал раст од предвидениот поради влијанијата од влошената состојба во еврозоната, објави Европската банка за обнова и развој.

https://p.dw.com/p/16XaN
Фотографија: EBRD

Според најновиот извештај на ЕБОР за последиците од случувањата во еврозоната врз економииите во транзиција, новата проекција за растот на македонската економија за оваа година е 0,3 проценти, а за наредната 2013. година 2 отсто.

ЕБОР посочува дека Македонија во 2011. била заштитена од кризата во еврозоната, пред се поради внимателната фискална политика и координираноста со монетарната политика. Сепак, годинава влијанието на надворешните фактори се чувствуваат посилно поради што е забавен економскиот раст пред се како резултат на намалениот извоз поради помалата побарувачка, намалените странски инвестиции и дознаки од странство. Затоа се предвидува минимален раст од 0,3 проценти, наведува ЕБОР во делот за Македонија.

ЕБОР за годинава ги намали проекциите за БДП на Албанија од 1,2 на 0,6, на БиХ од 0,3 на 0,1, на Црна Гора од 0,4 на 0,3 проценти, на Србијаод 0,1 на минус 0,7, на Хрватска од минус 1,2 на минус 1,9 и на Словенија од минус 2 на минус 2,5 проценти. Бугарија останува со 1,2 отсто, а единствено Турција ќе заблежи поголем раст од предвидениот, од 2,7 на 3 проценти.

Регионот на ЈИЕ годинава ќе има раст од 0,4 наместо претходно предвидените 0,7 проценти.

Македонскиот раст од два проценти што го прогнозира ЕБОР во 2013 година ќе биде највисок меѓу земјите од ЈИЕ, освен одТурција која ќе има раст од 3,7 проценти.

За наредната година растот на БДП во Хрватска е предвиден на 1,2 отсто, на Албанија 1,3; БиХ 0,4; Бугарија 1,7; Црна Гора 0,8; Србија 1,1,а Словенија ќе има пад на економијата од минус 2 отсто.